top of page

Историјат на команијата

 

ММ Хоспитал Хигиена е основана во 2006 година како специјализирана компанија за продажба на производи во сегментот на Хигиена, Дезинфекција и Стерилизација, фокусирани во сегментот на нудење на комплетни решенија во болничките установи.

Од 2010 година на барање и како потреба на нашите клиенти започнавме со нудење на компетно решение во сегментот на Хигиена и Дезинфекција на Текстил.

Од 2011 година започнуваме како дополнување на нашето комплетно решени за хигиената кај нашите клиенти да застапуваме и светски познати производители на опрема за хигиена.

Од 2014 година благодарение на нашите резултати и пристапот на посветеност за нудење на најсоодветно решение во сегментот на хигиена и дезинфекција и подршка на нашите принципали успешно го прошируваме нашето поле на делување и во сегментот на комплетни решенија за хигиена и дезинфекција во Хотели и Ресторани.

Ние сме  амбициозна комапнија во која е вложено енергија, ентузијазам, знаење, компетентност и капитал што е предуслов за успешност и долгорочно опстојување.

Со сите наши понатамошни активности ќе се обидеме да ја оправдаме стекнатата доверба како на сегашните,така и на нашите идни купувачи.

Визија 

 

Визија на ММ Хоспитал Хигиена е да биде лидер на македонскиот пазар, како специјализирана современа професионална компанија со препознатливо име кое асоцира на професионалност,стручност и посветеност во исполнувањето и воспоставувањето на највисоки стандарди во сегментот на Хигиена, Дезинфекција и Стерилизацијa.

Мисија

 

Мисијата на ММ Хоспитал Хигиена е да помогне во постигнување на почиста, поздрава и побезбедна околина на начин со кој ќе го подобри/заштити здравјето на луѓето обезбедувајќи и дистрибуирајќи високо квалитетни производи, услуги и комплетни решенија од реномирани светски производители од сегментот на Хигиена, Дезинфекција и Стерилизација. 

Стратегија 

 

ММ Хоспитал Хигиена е стратешки посветена на индиректната грижа на здравјето на луѓето,овозможувајќи највисоко ниво на услуги и производи на нашите клиенти со препознатлива предност во однос на останатите,а која се должи на специјализираноста,професионалниот и едукативен пристап во однос на употребата и бенефитите на нашите производи во сегментот на Хигиена, Дезинфекција и Стерилизација. 

 

Квалитет

 

Гаранција за квалитет на самите производи и услугите кои ние ги нудиме е нашиот избор да продаваме високо квалитетни производи од реномирани светски лидери и иноватори во сегментот на Хигиена, Дезинфекција и Стерилизација согласно принципите на професионалната дистрибутивна пракса. 

 

Еколошки аспекти 

 

ММ Хоспитал Хигиена се обврзува да обезбеди високи стандарди не само во изборот на производи кои ќе ги пласира на Македонскиот пазар туку и високи стандарди за работа се со цел да се минимизира влијанието врз животната средина.

MM Hospital Higiena ISO   9001 : 2015  CERTIFIED COMPANY

                                            ISO 14001 : 2015  CERTIFIED COMPANY

bottom of page