

Дезинфекција на раце
Skinman® Soft N
Течен алхохолен дезинфициенс
Skinman® soft N ги соединува негата и дезинфекцијата на рацете во едно средство.Со благото делување на кожата, погоден е првенствено за чувствителни раце, затоа што спречува сушење на кожата.Посебно се препорачува за користење таму каде што рацете треба често да се дезинфицираат.
Карактеристики:
• Широк спектар на делување против бактерии (вкл. TBC и MRSA), габички, HBV,HVC, HIV, Rota и Herpes вируси, H5N1 и H1N1 вируси
• Благ за кожата, pH неутрален, остава пријатно чувство и при често користење
• Продолжено дејство
• Најголема можност на сигурност и кај минимално време на располагање за дезинфекција
• Осигурана и оптимална заштита за повеќе часови
Област на примена:
• Нежен дезинфициенс за раце за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце во болниците, лекарски ординации, здравствени установи и установи за нега
• За хигиенска дезинфекција во домови за стари лица, како и во служби за итна медицинска помош
• За хигиенска дезинфекција на раце во секојдневниот живот
Начин на употреба:
• Хигиенска дезинфекција на раце:
3мл неразреден раствор во тек на 30 секунди втријте на суви раце
• Хируршка дезинфекција на раце:
2 х 5мл неразреден раствор втријте на суви раце во тек на 1,5 мин.
• При сомнение дека постои TBC:
2 х 3мл неразреден раствор втријте во тек на 30 секунди на суви раце
• Превентива кај вирусот Hepatitis B:
Доволно е да се навлажат рацете и да се остави да делува 1 мин.
• Превентива кај AIDS:
Доволно е да се навлажат рацете и да се остави да делува 30 сек.
• При контаминација со Rota вирусот:
Рацете да се навлажат и да се остават да делува 1 мин.
• При контаминација со вирусот Herpes simplex тип 1 и тип 2:
Доволно е рацете да се навлажнат и да се остави да делува 30 сек.
РЕЗУЛТАТИ И ИСПИТУВАЊА ( достапни на Ваше барање)
Тестиран и сертифициран според DGHM (Германско друштво за хигиена и микробиологија)
• Хигиенска дезинфекција на раце според ЕN 1 500 30 сек.
• Хируршка дезинфекција на раце според ЕN 12 791 2x90 сек
• Туберкулоцидност според методите на DGHM 1 991 2x30 сек.
• Ефикасен против вируси со обвивка
(според RKI - Институт Роберт Кох) 30 сек.
• Ефикасен против рота вируси 60 сек.
• Ефикасен против МРСА 30 сек.
СОСТАВ:
100 гр. раствор содржи: 2 - пропанол - 70 гр.;бензалкониум хлорид- 0,15гр.
Пакување:
Шише 100 мл. џебно пакување 50 x 100 мл
Шише 500 мл. 24 x 500 мл
Канистер 5 Л 1 x 5 Л
Производот е регистриран според Закон за хемикалии на РМ Група Биоциди –
Број на решение од Министерство за здравство бр.15-12429/2 од 17.12.2007
Skinman® complete
Вируциден дезинфициенс за раце
Нежен за кожата Skinman® complete, течно средство за дезинфекција на раце,нуди потполна вируцидна заштита,без загрозување на здравјето на кожата.Средството е доволно благо и за секојдневна примена кога постои потреба за повисок степен на сигурност.
Карактеристики
• Делува на широк спектар на бактерии (вкл. TBC) и габички. Вируцидно делува против HIV, HCV, HBV, Adenovirus, parvovirus i poliovirus (што вклучува ефикасност против norovirusi, вирусот на птичјиот грип и rotavirus
• Докажана подносливост за кожата, соодветно и за секојдневна рутинска дезинфекција на раце
• Кратко контактно време за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце
Употреба
• За хигиенска и хируршка дезинфекција на раце
Начин на употреба
• Неразреден раствор нанесете на суви раце. Втријте го темелно растворот во кожата во текот на целото пропишано контактно време, внимавајќи да се опфатени сите подрачја.
Пакување:
Шише 100мл џебно пакување 50 X 100мл
Шише 500мл 24 X 500мл
Тестирања
• Skinman® complete е целосно микробиолошки и вирусолошки испитан.
Резултати од микробиолошки и вирусолошки испитувања
Индикација Контактно време
- Хигиенска дезинфекција на раце според DGHM ЕN 1500 20 секунди
- Хируршка дезинфекција на раце според DGHM и ЕN 1279190 секунди
- Ефикасност против вируси со обвивка според RKI 15 секунди
- Вируцидност според RKI и ЕN 14476 2 секунди
- Туберкулоцидност (ЕN 14348) 20 секунди
- Ефикасност против ротавирус 15 секунди
- Ефикасност против аденовирус 30 секунди
- Ефикасност против парво вирус 30 секунди