top of page
ECOLAB MAKEDONIJA

ECOLAB MAKEDONIJA

ECOLAB

Хигиена на раце и Кожа

НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИНФЕКЦИИ ПРЕКУ СООДВЕТНА ХИГИЕНА НА РАЦЕ И КОЖА

 

ECOLAB нуди целосен опсег на дезинфициенси за раце и средства за нега на раце кои ги задоволуваат Вашите високи стандарди. Можете да им верувате на ECOLAB во обезбедување на Вашата болница со соодветни средства за хигиена на раце, и соработка со Вас за развој на програма фокусирана на намалување на Вашиот ризик од вкрстена контаминација.

 

Нашите системи помагаат за:

  • Зголемување на усогласеноста на хигиената на раце со програмата на хигиена на раце

  • Заштита на раце со дезинфициенси и сапуни кои се високо ефикасни а сепак нежни за чувствителна кожа

  • Минимизирање на инфекции на пациенти и персонал со употреба на средства прилагодени на области како операциони сали со висок ризик, одделенија со среден ризик, области за преглед.

​

Болничко стекнатите инфекции (БСИ) придонесуваат за продолжени болнички престои, зголемено ниво на морбидност и морталитет и може да влијаат врз имиџот на болницата. Експертите се сложуваат дека најефикасна мерка за превенција на БСИ во болниците е соодветна Хигиена на раце и кожа. За жал, усогласеноста на хигиената на раце е тешко да се примени.

​

ВАШИ ГРИЖИ: 

  • Една инфекција може да ја чини Вашата болница колку што и годишна набавка на средства за хигиена на раце.

  • Несоодветни средства и процедури не се секогаш ефикасни против бактериите и патогените со кои доаѓа во контакт Вашиот персонал.

  • Испуканата, сува кожа може да ги спречи лекарите и медицинските сестри од потребното често миење и дезинфекција на раце.

ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА

ул. Кленоец 69/1 1000 Скопје Р.Македонија

тел.: +389 2 3246 925 

факс: +389 2 3246 926

е-маил: contact@mmhospitalhigiena.com

bottom of page