top of page
Лосиони за миење на раце и тело 
 
Skinsan® scrub      

Skinsan® scrub foam

 

Skinsan Scrub е антимикробно средство за миење на раце и тело, детално  испитано на МРСА, Хепатитис Б и други бактерии и вируси. Се зголемува чистењето и дезинфeкцијата без загрозување на компатибилноста на кожата. Проценета е употребата на Skinsan® scrub и Skinsan® scrub foam како дел од делувањето на МРСА концептот. ECOLAB има развиено МРСА концепт кој му овозможува на пациентот детални упатства за адекватно раководење во случај на епидемија на МРСА. Концептот се базира како на подвижни, така и на неподвижни пациенти. Двата производи се клинички тестирани со што е потврдена ефикасност на деколонизација на МРСА.

Карактеристики:

•  Содржи триклосан  - пo EN 1499

•  Потврдено делување на МРСА

•  Чистење и деконтаминација во еднo

•  Пената е особено погодна за луѓе со осетлива кожa

•  Пената не содржи бои и парфеми

Употреба:

•  За хигиенско миење на раце и/или деконтаминационо миење на телото со 

бањање/туширање

•  За деконтаминација - интензивно  чистење на коса и кожа кое е следено со темелно 

плакнењe со обична вода

•  Секојдневно повторување на постапката додека не се потврди негативна МРСА/ОРСА. 

Тестирања:                                                                             

Дерматолошки тестиран                                            

Состав:

100г лосион содржи: 1г Триклосан

Пакувања:

Skinsan® scrub 

• Шише за дозирање                      24 x 500мл

Hydrex® Surgical Scrub

4% хлорхексидин глуконат

 

Течен дезинфициенс за раце

Врвен антибактериски дезинфициенс за раце со емолиенти.Формула базирана на хлорхексидин глуконат, со продолжено делување, што обезбедува дополнителна заштита за корисникот. Разновидните начини за примена на средството одговaраат на различните потреби на корисникот. 

Карактеристики:

• Содржи 4% хлорхексидин глуконат

• Хлорхексидин глуконатот обезбедува траен и акумулирачки ефект во временско растојание од 4-6 часа, а делува на широк спектар на бактерии и габички. 

• Делува против бактерии (вкл.MRSA,TBC), габички и Хепатит Б-вирус (HBV), Рота - и Херпес вируси, како и на предизвикувачите на сида (HIV).

• Препаратот не е отрoвен, не предизвикува иритации и не ја надразнува кожата. 

Област на примена: 

• За хигиенско и хируршко миење и дезинфекција на раце

• Пред-оперативно капење на пациентите и деколонизација од МРСА. 

• Предоперативно и постопреативно антисептичко миење на пациенти, со продолжено дејство.

• Предоперативна припрема на кожа. 

Начин на употреба:

За медицински персонал

Пред-оперативно хируршко миење на раце:

• Навлажнете ги рацете и подлактиците, нанесете 5mL од Hydrex Surgical Scrub и мијте ги 1 мин. Исчистете ги ноктите со четка. 

• Исплакнете и повторете ја постапката употребувајќи повторно 5mL Hydrex Surgical Scrub и мијте ги 2 мин.

• Исплакнете ги добро и исушете. 

Антисептичко миење на раце: 

• Навлажнете ги рацете и подлактиците нанесете 5mL Hydrex Surgical Scrub и мијте ги 1 минута. Исплакнете ги исушете ги. .

За пациенти

Предоперативна припрема на кожа:

• Измијте го цело тело со 25mL Hydrex Surgical Scrub најмалку во две прилики обично еден ден пред и на денот на операција.

• Не се употребува за телесни празнини. 

Тестирања и сертификати

• Тестиран и одобрен од страна на DGHM (Германско друштво за хигиена и микробиологија).

• Производот е тестиран според EN 1499.

• Larison E(1995) APIC Guideline. 

СОСТАВ:

Детергентен раствор на хлорхексидин глуконат во концентрација од 4% w/v.

Содржи емолиент, лесно парфимиран. 

Пакување:

• Hydrex® Surgical Scrub           Шише за дозатор                   12 x 500 мл

• Hydrex® Surgical Scrub              Канистер                                2 x 5 Л 

bottom of page