top of page

Incidin®Extra N 

 

 

ДЕЗИНФИЦИЕНС ЗА ПОВРШИНИ. 

НЕ СОДРЖИ АЛДЕХИДИ.

 

Течен концентрат за дезинфекција на сите видови површини, не

содржи алдехиди. Поседува одлични својства на чистење. Особено е

погоден за детски, неонатолошки, онколошки и гериатриски одделенија,секаде каде што е особено важна заштитата како на пациентите,така и на персоналот од инфекции преносливи се преку контаминирани површини. 

 

Карактеристики:

  • Делување на широк спектар на бактерии, повеќекратно отпорни бактерии стафилококус ауреус (МРСА), туберкулоза, габички, вирусот на Хепатитис Б (HBV) во МАДТ и антиген тестирања, АИДС агенс (HIV), вирус на кравји сипаници, адено, папова, рота и херпес вируси. 

  • Содржи Глукопротамин®

  • Не содржи алдехиди,извонредно добра подносливост на материјали

  • Одлични својства на чистење,што овозможува чистење и дезинфекција во еден чекор

  • Економичен поради ниски концентрации при употреба и малку отпад од амбалажата

  • Високо суфистициран и темелно испитан производ ,

  • Одобрен од Германското друштво за хигиена и микробиологија ( ДГХМ )

  • Едноставна употреба со прецизно дозирање уреди за дозирање 

  • Погодно за уреди за дозирање ДГ 1,ДГ 2, ДГ 3, ДЗ 1, ДЗ 2.

  • Темелно испитана компатибилност со материјали

  • Може да се користи на :

            • Метали, на пр.бронза

            • Синтетички материјали, на пр. полиметилметакрилат ( Плексиглас®)

            • Еластомери, на пр. ЕПДМ

            • Подни облоги, на пр. линолеум 

 

ВАША ДОБИВКА:Доверба во висок степен на дезинфекција на сите водоотпорни површини, дури и на подрачјата со висок ризик, на пр. во одделите за педијатрија,поради делувањето на адено вирусите или во операционите сали поради делувањето на ХБВ и вирусот на кравји сипаници.

 

Област на примена:

  •  Дезинфициенс за површини и медицински инвентар во согласност 

  •  Со Европската директива за медицински апарати(93/42/EEC). погоден е и за останатите водоотпорни површини,метал,стакло и др.површини). 

 

Начин на употреба:

• Препаратот се разредува со вода (до 20°С). Не се додава друго средство за чистење или дезинфекција поради опасност од одвивање на несакани хемиски реакции. Производот има одлични својства на чистење поради што претходно миење не е потребно. Површините се пребришуваат и се оставаат да се исушат(без да се подсушуваат), кога се работи по методот на "двете кофи. По дезинфекција не се измива. Антимикробните состојки се задржуваат на површината и извршуваат кумулативните својства на влијание.Поради оваа причина, при редовна дезинфекција, засегнатата површина може да се користи веднаш по нејзиното исушување.Се препорачува дозирањето да се врши преку автоматски уреди. Да се избегнува контакт со голи раце, особено при работа со концентрат. 

 

Резултати од испитувања : 

Ефикасноста и компатибилноста со материјалите темелно испитана -микробиолошки, вирусолошки, токсиколошки и еколошки 

Ве молиме побарајте ја нашата брошура со резултати од испитувањата и компатибилноста со материјалите.

 

Состав: 

Антибактериски активни материи, нејонски тензиди, растворувачи, комплексатори, вештачки бои и мириси.

Активни состојки на 100 гр. производ: 

12,4гр.Глукопротамин® и 15гр.Бензалкониум хлорид 

 

Пакување: Пластичен канистер 1 x 6л

INCIDIN PLUS - ПОВЕЌЕ

bottom of page