Hosp-op-room | Automation Siemens_healthcare | shutterstock_29072446 |
---|---|---|
SURGERY-HEALTHCARE-BC |
Sekumatic® FR
Tечно благо алкално средство
за чистење за машинска подготовка
на инструменти.
Карактеристики:
• Висок степен на чистење на типични нечистотии во областа
на медицината, како што се крв, белковини, серум.
• Добра подносливост на материјалот
• Благо алкално средство,без тензиди
Област на примена:
• Чистење на хируршки инструменти и фиксирани ендоскопи, MIC, синтетички утензилии, на пр. од анестезија, хирургија и урологија, чевли за операциона сала, бебешки шишиња, лабараториско стакло во болница и друга медицинска опрема
Начин на употреба:
• Се употребува во апарати за чистење и дезинфекција во медицината со 3-5мл/Л се користи кај сите видови на вода.
• Соодветно е за хируршки инструменти и други медицински инструменти
и прибор кои може термички да се дезинфицираат на температура од 93°С.
• За неутрализација да се користат 1-3мл/Л Sekumatic FNP или Sekumatic FNZ.
Состав:
Kалиумхидроксид , фосфати, силикати, алкалии, инхибитори на корозија, без тензиди.
Пакување: канистер 5Л
Sekumatic® FNP
Sekumatic® FNP е течно средство за неутрализација и чистење за
машинска подготовка на инструменти.
Карактеристики:
• Неутрализација со фосфорна киселина по алкaлно чистење.
• Отстранување на варовник и други со киселина растворливи нечистотии.
• Погодно за сите материјали отпорни на киселина, но и за обоени метали, елоксиран алуминиум, никлован и хромиран материјал.
• Содржи фосфорна киселина, не содржи тензиди
Област на примена:
-
За неутрализација по алкално чистење и/или кисело претчистење за хируршки инструменти како и за синтетички утензили и еластомери (н.п. гума) од анестезија, хирургија, урологија и лабораториско стакло во болница и друга медицинска опрема.
-
Освежување на метални инструменти (рефрешер-програм).
-
Темелно чистење на хируршки инструменти со потоpување.
Начин на употреба:
• Се употребува во апарати за чистење и дезинфекција во медицината со 1-3 ml/L.
Се користи кај сите видови на вода.
• За неутрализација на алкални остатоци во првиот чекор на плакнење по алкалното чистење нормална е доза од 1ml/L, поголема доза се применува само во исклучителни случаи, по потреба да се изврши и консултација со производителот на инструментите или машините.
• За кисeло претчистење 1-3 ml/L на 40 до 60°С.
• За темелно чистење на инструментите од племенит челик отпорен на киселина, во купката да се стави 5-10%-ен раствор за 10 до 15 минути.
• Sekumatic FNP-растворот по неговото делување во секој процес мора комплетно да се замени
Состав: Фосфорна киселина
Sekumatic® FDR
Tечно средство за
чистење и дезинфекција за
хемо-термиска машинска подготовка
на инструменти.
Карактеристики:
• Сигурно и добро чистење и дезинфекција на 60°C
• Не содржи алдехиди и е базиран на патентирана активна материја –Глукопротамин.
• Производот ги исполнува барањата на АК-BWA, на пр. pH-неутрален во применетиот раствор, без пена, погоден за вградливи материјали и на пр.термолабилни инструменти, МИК, обувки за операциона сала, алуминуим/елоксал,контејнери и др.држачи)
Област на примена:
-
За дезинфекција и чистење во автоматски машини,при хемотермичка обработка на пр.чистење и автоматска дезинфекција на термолабилни материјали( РДГ), кабли,кревети и корпи за чување на постелина.
-
Sekumatic FDR е тестиран и во програмата АК-BWA при обработка на душеци и други држачи,полици и колички за деконтаминација.
-
Производот исто така може да се применува при хемотермиска обработка на пр.текстил и садови во храна.
Начин на употреба:
-
Се употребува во апарати за чистење и дезинфекција (РДГ) во медицината се употребува во работна kонцентрација од 5-10/Л на 60°C и 5 мин. еднократно плакнење. Се користи кај сите видови на вода.
-
За кревети и корпи за постелина се применува количина од 5-10мл на 60°C и 90-120 секунди еднократно плакнење.Покрај тоа се зема во предвид и обновувањето.
-
За сушење после дезинфекција и чистење се применува пХ-неутрален Sekumatic FKN.Во зависност од кавалитетот на водата може исто така да се употребува за плакнење Sekumatic FK.
Состав:
Неjонски тензиди,алхохолни растворувачи,инхибитори на корозија.
Во 100гр.средство ги содржи следниве активни материи:
2,0 гр.Глукопротамин, 2,0гр.Дидецилметили-поли(оксетил)амониумхлорид;
0,75гр.Трибутилтерадецилфосфониумхлорид
Пакување: Канистер 5Л