![]() Hosp-op-room | ![]() Automation Siemens_healthcare | ![]() shutterstock_29072446 |
---|---|---|
![]() SURGERY-HEALTHCARE-BC |
Sekusept® aktiv
Sekusept® aktiv e најдоброто комплексно
решение за ефикасно чистење и дезинфекција
на инструменти и анестезиолошка опрема.
Средство на избор за чистење и дезинфекција
на ендоскопи (вкл.флексибилни). Производот поседува и спороцидни својства.
Новосоздадената формулација не содржи алдехиди
и е комбинација на одлична компатибилност со
материјалите и долготрајно задржување на квалитетот на инструментите.
Карактеристики:
• Ефикасна дезинфекција.
• Делува на бактерии (вкл.TBC), габички, вируси вируси: HBV,HBC и HIV, Adeno,Polio, Rota, спори.
• Кратко време на дејство благодарејќи на високата ефикасна формулација
• Особено ефикасно чистење и на силно нечисти инструменти
• Поголемo ниво на чистота
• Беспрекорна оптика на инструментите
• Погоден за предперење/дезинфекција пред механичко чистење кога се користат алдехиди
• Безалдехидeн концепт кој осигурува најсилен раствор со урамнотежен pH
Област на примена:
• Sekusept®Aktiv е погоден за рачно чистење и дезинфекција на инструменти од метал, гума,стакло, пластмаса и лабораториска стакларија.
• Погоден е за забни протези, како за употреба во Ултразвучни кадички од нерѓосувачки челик
• Дезинфекција на ригидни и флексибилни ендоскопи
• Особено погоден за комбинирано рачно-машинско (полуавтоматизирано) чистење на ендоскопи
Начин на употреба:
Рачно чистење : Производот се раствора во вода (до20°C). Прво,наполнете го садот со вода и после додадете го гранулатот. Се промешува растворот и се чека околу 15 мин. (Пероцетната к-на се образува in situ). Веднаш по употреба, инструментите или анестезиолошката опрема се потопуваат во растворот на Sekusept®Aktiv. Проверете дали инструментите се целосно потопени,не смее да има празнини и меурчиња. По препорачаното време на експозиција во соодветната концентрација инструментите се вадат и се плакнат обилно со проточна вода или идеално со стерилна, дестилирана или деминерализирана вода. Потоа следи механичко чистење(во најголем број случаи, тоа не е потребно),сушење,сортирање и стерилизација (за репираторна опрема завршна дезинфекција). Растворот се менува секојдневно. За проверка на ефикасноста,на пр.во случај на силно загаден раствор употребете контролните траки.
Начин на припрема на работен раствор: Ве молиме употребете го мерниот сад ,кој ќе го најдете во оригиналното пакување.( 30мл=20гр; 15мл=10гр).Работниот раствор се припрема и тоа: 2% -тен раствор: 20гр.гранулат во 1Л вода ; 1%-тен раствор: 20гр. од гранулатот во 2Л вода.
Ултразвучно купатило: Sekusept®Aktiv е погоден за сите ултразвучни кади од нерѓосувачки челик. Кај ултразвучното чистење нужно е да се придржувате на упатството на производителот. За ефикасна дезинфекција според Германското друштво за хигиена и микробиологија (ДГХМ) потребно е да се почитува наведеното време на потопување (на пр.15 мин). Sekusept®Aktiv е посебно погоден за предперење/дезинфекција на флексибилните ендоскопи пред хемотермичка дезинфекција.
Состав:
Антибактериски активни материи,нејонски детергенти, комплексатор, инхибитори на корозија, мириси.
Активната материја на пероцетна киселина се создава во тек на припремање на растворот за употреба. (2%-тен раствор содржи >1000 мг/Л пероцетна киселина).
Peroxybalance – активна материја "Oxy" сила
PerOxyBalance поставува нови стандарди во степенот на дезинфекција,сила на чистење и подносливост на материјали.
Овој безалдехидeн концепт осигурува најсилен раствор со урамнотежен пХ.
Пакување:
1,5кг.=75Л 2% работен р-ор
4 x 1,5кг = 600Л 1% работен раствор
Sekusept® Pulver Classic
Интензивно чистење.
Силна дезинфекција.
Карактеристики:
-
Широк спектар на ефикасност на : бактерии, габички, вируси со и без обвивка (вируцидно дејство).
-
Сигурна дезинфекција на инструменти, анестезиолошка опрема и површини.
-
Применлив на широк спектар на материјали (поликарбонат, плексиглас/ПММА/ полисулфон) и на сите инструменти од хромиран челик.
-
Погодно за дезинфекција на водоотпорни површини.
-
Не е погоден за флесибилни ендоскопи, алуминиумски инструменти или за поникловани површини.
Област на примена:
-
За чистење и дезинфекција на медицински инструменти од метал, пластика, еластомери, стакло итн.
-
Исто така е погоден за дезинфекција на површини.
-
Особено примерен за дезинфекција на инкубатори и кадички на медицински бањи.
-
Можна е употреба за дезинфекција на забна протетика.
Начин на употреба:
-
Во тек на припрема неколку пати промешајте го растворот, кој е спремен за употреба после 15 минути.
-
Веднаш по употребата потопете ги инструментите во раствор на Sekusept® Pulver CLASSIC.
-
Целосно потопете ги инструментите.
-
По препорачаното време за потопување инструментите извадете ги од растворот, исплакнете ги со питка вода, или уште подобро со деминерализирана или дестилирана вода.
-
Растворот мора да го менувате секој работен ден
Време на дејство при:
• Рачна дезинфекција на инструменти - 1 час
• Дезинфекција на инструменти во УЗБ - 15 минути
• HBV, HIV, Vakcinia, Adeno, SV40 - 5 минути
• Polio - 2 часа
• Rota - 1 час
• Дезинфекција на кади за миење - 2 минути
Тестирање:
Производот е целосно испитан според препораките на DGHM, сертифицирано и наведено во списокот на дезинфициенси на VAH-a.
Состав:
Содржина на активни материи во 2% раствор: >600 мг/Л (ppm) на пероцетна к-на.
Активната материја на пероцетната к-на се создава со припрема на работниот раствор.
Пакување:
Sekusept®Pulver Classic 4 x 2 кг. со мерна лажичка.

