top of page

Manisoft®   

Manisoft® foam  

 

Лосиони за миење на раце и тело 

 

Карактеристики

   • Оптимална комбинација на составните компоненти

   • Пријатен за кожата, оптимален pH

   • Не содржи сапун

   • Внимателно одбрани мирисни компоненти

   • Посебно се препорачува за лица со чувствителна кожа

   • Амбалажата прилагодена според Еуро-диспезери

 

Употреба

   • За хигиенско миење на раце во работни единици, пред хируршко миење 

     или хигиeнска дезинфекција

   • Миење и туширање на цело тело

   • Во медицина, стоматологија, фармација и др

   • За вработените и пациентите

 

  Начин на употреба

   • Манисофт се нанесува на рацете и се втрива со малку вода. По миењето добро се плакне

   • Манисофт се нанесува на влажна крпа или сунѓер и се трие по влажна кожа

 

Пакувања

   • Шише за дозирање 24 x 500 мл 

   • Канистер 1 x 6 Л 

 

Тестиран за здравствена исправност во ЈЗО ЗЗЗ Скопје

Лаб.бр. 7841 од 24.11.2006 год.

Тестирана здравствена безбедност во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ

Лаб.бр.11299 од 28.12.2009

Тестирана здравствена безбедност во ЈЗУ ЗЗЗ Куманово

Лаб.бр.4671 од 28.12.2009

Skinman® Soft N    

 

 

       

Течен алхохолен дезинфициенс

 

 

 

Skinman® soft N ги соединува негата и дезинфекцијата на

рацете во едно средство.Со благото делување на кожата, погоден е првенствено за чувствителни раце, затоа што спречува сушење на кожата.Посебно се препорачува за користење таму каде  што рацете треба често да се дезинфицираат. 

 

Карактеристики:

• Широк спектар на делување против бактерии (вкл. TBC и MRSA), габички,               HBV,HVC, HIV, Rota и Herpes вируси, H5N1 и H1N1 вируси

• Благ за кожата, pH неутрален, остава пријатно чувство и при често користење 

• Продолжено дејство 

• Најголема можност на сигурност и кај минимално време на располагање за      дезинфекција 

• Осигурана и оптимална заштита за повеќе часови 

 

Област на примена:

• Нежен дезинфициенс за раце за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце во    болниците, лекарски ординации, здравствени установи и установи за нега

• За хигиенска дезинфекција во домови за стари лица, како и во служби за итна        медицинска помош

• За хигиенска дезинфекција на раце во секојдневниот живот 

 

Начин на употреба:

  • Хигиенска дезинфекција на раце:

    3мл неразреден раствор во тек на 30 секунди втријте на суви раце

  • Хируршка дезинфекција на раце:

    2 х 5мл неразреден раствор втријте на суви раце во тек на 1,5 мин.

  • При сомнение дека постои TBC:

    2 х 3мл неразреден раствор втријте во тек на 30 секунди на суви раце

  • Превентива кај вирусот Hepatitis B:

    Доволно е да се навлажат рацете и да се остави да делува 1 мин.

  • Превентива кај AIDS:

    Доволно е да се навлажат рацете и да се остави да делува 30 сек.

•  При контаминација со Rota вирусот:

    Рацете да се навлажат и да се остават да делува 1 мин. 

•  При контаминација со вирусот Herpes simplex тип 1 и тип 2:

    Доволно е рацете да се навлажнат и да се остави да делува 30 сек. 

 

РЕЗУЛТАТИ И ИСПИТУВАЊА ( достапни на Ваше барање)

  Тестиран и сертифициран според DGHM (Германско друштво за хигиена и микробиологија) 

    • Хигиенска дезинфекција на раце според ЕN  1 500                       30 сек. 

    • Хируршка дезинфекција на раце според  ЕN 12 791                  2x90 сек 

    • Туберкулоцидност според методите на DGHM 1 991                 2x30 сек. 

    • Ефикасен против вируси со обвивка  

(според RKI - Институт Роберт Кох)                                                        30 сек. 

    • Ефикасен против рота вируси                                                          60 сек. 

    • Ефикасен против МРСА                                                                    30 сек. 

 

СОСТАВ:

  100 гр. раствор содржи: 2 - пропанол - 70 гр.;бензалкониум хлорид- 0,15гр.

 

Пакување:

  Шише 100 мл. џебно пакување                       50 x 100 мл

  Шише 500 мл.                                                    24 x 500 мл 

  Канистер 5 Л                                                       1 x 5 Л

 

Производот е регистриран според Закон за хемикалии на РМ Група Биоциди – 

Број на решение од Министерство за здравство бр.15-12429/2 од 17.12.2007

Skinsan® scrub      

Skinsan® scrub foam

 

Средства за миење на раце и тело

 

 

 

 

Skinsan Scrub е антимикробно средство за миење на раце и тело,

детално  испитано на МРСА, Хепатитис Б и други бактерии и вируси. Се зголемува чистењето и дезинфeкцијата без загрозување на компатибилноста на кожата. Проценета е употребата на Skinsan® scrub и Skinsan® scrub foam како дел од делувањето на МРСА концептот. ECOLAB има развиено МРСА концепт кој му овозможува на пациентот детални упатства за адекватно раководење во случај на епидемија на МРСА. Концептот се базира како на подвижни, така и на неподвижни пациенти. Двата производи се клинички тестирани со што е потврдена ефикасност на деколонизација на МРСА.

 

Карактеристики:

•  Содржи триклосан  - пo EN 1499

•  Потврдено делување на МРСА

•  Чистење и деконтаминација во еднo

•  Пената е особено погодна за луѓе со осетлива кожa

•  Пената не содржи бои и парфеми

 

Употреба:

•  За хигиенско миење на раце и/или деконтаминационо миење на телото со 

бањање/туширање

•  За деконтаминација - интензивно  чистење на коса и кожа кое е следено со темелно 

плакнењe со обична вода

•  Секојдневно повторување на постапката додека не се потврди негативна МРСА/ОРСА. 

 

Тестирања:                                                                             

Дерматолошки тестиран                                            

 

Состав:

100г лосион содржи: 1г Триклосан

 

Пакувања:

Skinsan® scrub 

• Шише за дозирање                      24 x 500мл

bottom of page