121 |
---|
Sekusept® aktiv
Sekusept® aktiv e најдоброто комплексно
решение за ефикасно чистење и дезинфекција
на инструменти и анестезиолошка опрема.
Средство на избор за чистење и дезинфекција
на ендоскопи (вкл.флексибилни). Производот
поседува и спороцидни својства.
Новосоздадената формулација не содржи алдехиди
и е комбинација на одлична компатибилност со
материјалите и долготрајно задржување на квалитетот на инструментите.
Карактеристики:
• Ефикасна дезинфекција.
• Делува на бактерии (вкл.TBC), габички, вируси вируси: HBV,HBC и HIV, Adeno,Polio,Rota, спори.
• Кратко време на дејство благодарејќи на високата ефикасна формулација
• Особено ефикасно чистење и на силно нечисти инструменти
• Поголемo ниво на чистота
• Беспрекорна оптика на инструментите
• Погоден за предперење/дезинфекција пред механичко чистење кога се користа алдехиди
• Безалдехидeн концепт кој осигурува најсилен раствор со урамнотежен pH
Област на примена:
• Sekusept®Aktiv е погоден за рачно чистење и дезинфекција на инструменти од метал, гума,стакло, пластмаса и лабораториска стакларија.
• Погоден е за забни протези, како за употреба во Ултразвучни кадички од нерѓосувачки челик
• Дезинфекција на ригидни и флексибилни ендоскопи
• Особено погоден за комбинирано рачно-машинско (полуавтоматизирано) чистење на ендоскопи
Начин на употреба:
Рачно чистење : Производот се раствора во вода (до20°C). Прво,наполнете го садот со вода и после додадете го гранулатот. Се промешува растворот и се чека околу 15 мин. (Пероцетната к-на се образува in situ). Веднаш по употреба, инструментите или анестезиолошката опрема се потопуваат во растворот на Sekusept®Aktiv. Проверете дали инструментите се целосно потопени,не смее да има празнини и меурчиња. По препорачаното време на експозиција во соодветната концентрација инструментите се вадат и се плакнат обилно со проточна вода или идеално со стерилна, дестилирана или деминерализирана вода. Потоа следи механичко чистење(во најголем број случаи, тоа не е потребно),сушење,сортирање и стерилизација (за репираторна опрема завршна дезинфекција). Растворот се менува секојдневно. За проверка на ефикасноста,на пр.во случај на силно загаден раствор употребете контролните траки.
Начин на припрема на работен раствор: Ве молиме употребете го мерниот сад ,кој ќе го најдете во оригиналното пакување.( 30мл=20гр; 15мл=10гр).Работниот раствор се припрема и тоа: 2% -тен раствор: 20гр.гранулат во 1Л вода ; 1%-тен раствор: 20гр. од гранулатот во 2Л вода.
Ултразвучно купатило: Sekusept®Aktiv е погоден за сите ултразвучни кади од нерѓосувачки челик. Кај ултразвучното чистење нужно е да се придржувате на упатството на производителот. За ефикасна дезинфекција според Германското друштво за хигиена и микробиологија (ДГХМ) потребно е да се почитува наведеното време на потопување (на пр.15 мин). Sekusept®Aktiv е посебно погоден за предперење/дезинфекција на флексибилните ендоскопи пред хемотермичка дезинфекција.
Состав:
Антибактериски активни материи,нејонски детергенти, комплексатор, инхибитори на корозија, мириси.
Активната материја на пероцетна киселина се создава во тек на припремање на растворот за употреба. (2%-тен раствор содржи >1000 мг/Л пероцетна киселина).
Peroxybalance – активна материја "Oxy" сила
PerOxyBalance поставува нови стандарди во степенот на дезинфекција,сила на чистење и подносливост на материјали.
Овој безалдехидeн концепт осигурува најсилен раствор со урамнотежен пХ.
Пакување:
1,5кг.=75Л 2% работен р-ор
4 x 1,5кг = 600Л 1% работен раствор