top of page

Incidin® Extra N

 

 

 

ДЕЗИНФИЦИЕНС ЗА ПОВРШИНИ. 

НЕ СОДРЖИ АЛДЕХИДИ.

 

 

 

 

Течен концентрат за дезинфекција на сите видови површини,

не содржи алдехиди. Поседува одлични својства на чистење. Особено е погоден за детски, неонатолошки, онколошки и гериатриски одделенија,секаде каде што е особено важна заштитата како на пациентите,така и на персоналот од инфекции преносливи се преку контаминирани површини. 

 

Карактеристики:

  • Делување на широк спектар на бактерии, повеќекратно отпорни бактерии стафилококус ауреус (МРСА), туберкулоза, габички, вирусот на Хепатитис Б (HBV) во МАДТ и антиген тестирања, АИДС агенс (HIV), вирус на кравји сипаници, адено, папова, рота и херпес вируси. 

  • Содржи Глукопротамин®

  • Не содржи алдехиди,извонредно добра подносливост на материјали

  • Одлични својства на чистење,што овозможува чистење и дезинфекција во еден чекор

  • Економичен поради ниски концентрации при употреба и малку отпад од амбалажата

  • Високо суфистициран и темелно испитан производ ,

  • Одобрен од Германското друштво за хигиена и микробиологија ( ДГХМ )

  • Едноставна употреба со прецизно дозирање уреди за дозирање 

  • Погодно за уреди за дозирање ДГ 1,ДГ 2, ДГ 3, ДЗ 1, ДЗ 2.

  • Темелно испитана компатибилност со материјали

  • Може да се користи на :

            • Метали, на пр.бронза

            • Синтетички материјали, на пр. полиметилметакрилат ( Плексиглас®)

            • Еластомери, на пр. ЕПДМ

            • Подни облоги, на пр. линолеум 

 

ВАША ДОБИВКА:Доверба во висок степен на дезинфекција на сите водоотпорни површини, дури и на подрачјата со висок ризик, на пр. во одделите за педијатрија,поради делувањето на адено вирусите или во операционите сали поради делувањето на ХБВ и вирусот на кравји сипаници.

 

Област на примена:

  •  Дезинфициенс за површини и медицински инвентар во согласност 

  •  Со Европската директива за медицински апарати(93/42/EEC). погоден е и за останатите водоотпорни површини,метал,стакло и др.површини). 

 

Начин на употреба:

• Препаратот се разредува со вода (до 20°С). Не се додава друго средство за чистење или дезинфекција поради опасност од одвивање на несакани хемиски реакции. Производот има одлични својства на чистење поради што претходно миење не е потребно. Површините се пребришуваат и се оставаат да се исушат(без да се подсушуваат), кога се работи по методот на "двете кофи. По дезинфекција не се измива. Антимикробните состојки се задржуваат на површината и извршуваат кумулативните својства на влијание.Поради оваа причина, при редовна дезинфекција, засегнатата површина може да се користи веднаш по нејзиното исушување.

 

Се препорачува дозирањето да се 

врши преку автоматски уреди. 

 

Да се избегнува контакт со голи раце, 

особено при работа со концентрат. 

Резултати од испитувања : 

 

Ефикасноста и компатибилноста со материјалите темелно испитана -микробиолошки, вирусолошки, токсиколошки и еколошки 

Ве молиме побарајте ја нашата брошура со резултати од испитувањата и компатибилноста со материјалите.

 

Состав: 

Антибактериски активни материи, нејонски тензиди, растворувачи, комплексатори, вештачки бои и мириси.

Активни состојки на 100 гр. производ: 12,4гр.Глукопротамин® и 15гр.Бензалкониум хлорид

Пакување: Пластичен канистер 1 x 6л

Incidin®Foam 

 

 

ГОТОВА ПЕНА ВО СПРЕЈ ЗА БРЗА

ДЕЗИНФЕКЦИЈА СО АЛХОХОЛ

Во голем број случаи се наметнува постигнување на брза

и сигурна дезинфекција на површини и предмети од болнички мебел.

Incidin®Foam-претставува готова спреј-пена комбинација на алкохоли со додаток на Глукопротамин, со брзо дејство за дезинфекција и чистење на медицински апарати и на други површини отпорни на алкохол. 

Карактеристики:

  • Делува на широк спектар на бактерии (вкл.МРСА и ТБЦ), габички, Папова вирус,       Аденовирус, Вакциниа вирус, Рота вирус и вирус на Хепатитис Б (ХБВ), како и на       Вирусот на АИДС(ХИВ). 

  • Содржи Глукопротамин®

  • Не содржи алдехиди, извонредно добро подносливо

  • Урамнотежена синергистична формулација на различни активни материи

  • Ефикасно влажнење на површините, алкохолите осигуруваат брзо сушење, 

   добра ефикасност на чистење

  • Готово средство спремно за употреба и едноставно за ракување 

  • Со распрскувач на пена, нема вдишување на аеросоли

  • Брза дезинфекција и сигурност за пациентите и персоналот

  • Овозможува брза употреба на површини и медицински апарати после дезинфекцијата

  • Темелно испитанa компатибилност на материјали

  • За користење на: метали, пластика, лакирани површини (на пр. стоматолошки  столици),поликарбонат, полисулфон, плексиглас (акрилно стакло) и др.

 

Област на примена:

• Готова спреј-пена со брзо дејство за дезинфекција на медицинска опрема во  согласност со Европската директива за медицински апарати (93/42 ЕЕС).

• Погодна и за други површини отпорни на алкохол (инкубатори, апарати за анестезија, метал,стакло и др.површини). 

 

Начин на употреба:

  • Распрскајте на површината од оддалеченост од околу 30см (40мл/м2), оставете кратко да делува и потоа избришете со крпа од неткаен текстил, или неразреден производ нанесете на крпата,избришете ја површината и оставете да се исуши. 

 

Резултати од испитувања :

  Темелно испитано – микробиолошки, вирусолошки, токсиколошки и еколошки 

  Ве молиме побарајте ги резултатите од испитувањата 

 

Состав: 

  Активни состојки во 100гр. Incidin®Foam: 

  20гр 2-пропанол,

  10гр етанол,

  0,2гр бензалкониум хлорид

  0,01гр. глукопротамин 

Пакување:

  16 x шишиња од 750мл во кутија со 2 распрскувачи на пена

Incidies® N  

Марамици за дезинфекција 

Карактеристики:

  • Растворот дејствува против бактерии, габички, HBV,HBC,HIV i Rota virusi 

  • Без алдехиди

  • Брзо го смалува бројот на микроорганизмите

  • Спремни за употреба

  • Пријатен мирис, практично пакување

  • Синергизмот на различните активни компоненти обезбедува максимален ефект

  • Тестирано на компатибилност со различни материјали

Употреба

  • За дезинфекција на раце и кожа

  • За чистење и дезинфекција на мали површни

  • За брзa дезинфекција на медицински прибор и инструменти, стоматолошки столици итн.

Начин на употреба

  • Земете Incides N марамица и пребришете ја површината која сакате да ја дезинфицирате. 

  • Не треба плакнење. 

  • После употребата затворете ја кутјата.

Пакувања:

  Incides N, комплет     IDT  817295      60x90 Марамици

  Incides N, рефус        IDT  817294         5x90 марамици

 

Тестирања: Производот е целосно микробиолошки и вирусолошки испитан

Резултати од тестирања:   

  • Превентивна дезинфекција на површини во пракса (по DGHM)     5 мин 

  • Минимално контактно време за дезинфекција ( поDGHM)               1 мин 

  • Ефикасност против HBV,HCV,HIV                                                              2.5 мин 

  • Ефикасност против TBC                                                                                5 мин 

  • Ефикасност против:   

  - Vaccinia virusi                                                                                                      5 мин 

  - Adeno virusi                                                                                                         5 мин 

  - SV40                                                                                                                    10 мин 

  • Ефикасност против Rota вируси                                                                 1 мин 

bottom of page