121 |
---|
Sekudril®
Течно средство за чистење и
дезинфекција на прецизни ротирачки
инструменти во стоматолoгија
Карактеристики:
• Делува против бактерии и габи, вируси (вклучувајќи HIV и HBV) според препораките на
RKI (Robert Koh Institut) 01/2004
• Решение кое овозможува веднаш да се започне со употреба
• Ефикасен состав на активни материи
• Погодно за ултразвучна примена
• Содржи инхибитори на корозија
• Сите инструменти од челик и челични легури квалитетно се дезинфицираат и чистат
Област на примена:
• Се користи за дезинфекција и чистење на медицински инструменти, особено на ротирачки прецизни инструменти како што се: алатки од челик, од тврд метал и инструменти за брусење со дијамант.
• Може да се користи во фрезатор или ултразвучна купка.
• За инструментите кои не се отпорни на високоалкални средства, како што се еластичните полири, керамичките брусни тела и инструментите за каналите во коренот, ги препорачуваме нашите производи Sekusept forte S, Sekusept Extra N или Sekusept Plus.
Начин на употреба:
• По употребата предметите веднаш да се потопат во неразредениот Sekudrill раствор, а при тоа да се внимава на целосна потопеност. По истекот на пропишаното време на делување, инструментите се вадат од растворот, се плакнат со чиста вода (соодветна на водата за пиење) и се сушат со крпа еднократна употреба. По потреба видливите нечистории да се отстранат, а потоа инструментите повторно да се потопат.
• Пред да се изврши стерилизација со пареа инструментите да се испрскаат со заштитно средство од корозија и да не се стерилизираат во мали автоклави.
• Од хигиенски причини растворот секојдневно да се менува.
• При употреба на еластични полири да не се пречекори времето на делување.
• Алуминиумските делови да не се потопуваат во Sekudrill.
Резултати од испитувања
-
Ефикасноста и компатибилноста со материјалите е темелно испитана-микробиолошки, вирусолошки, токсиколошки и еколошки.
-
Ве молиме побарајте ја нашата брошура со резултати од испитувањата и компатибилноста со материјалите.
Состав:
100 г производ содржи: 50 г пропиленгликол, 5 г калиум хидроксид, нејонски тензиди, инхибитори на корозија.
Пакување: 2Л шише со рачка и со мерен сад 4 x 2 Л